Делови од ѕидот на Турскиот амам во Прилеп може да се урнат, поставена ограда за заштита на пешаците
Споменикот на културата – Турскиот амам во Прилеп, познат и како старата градска бања, се наоѓа во критична состојба и претставува потенцијална опасност за минувачите. По дојава од граѓани, прилепскиот Завод и музеј поставил ограда во пешачката зона пред објектот поради можноста делови од градбата да се урнат. Стручен тим извршил увид на самото место



