За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница
Вработените во образованието ќе го добијат покачувањето на мартовската плата, кое е дел од колективниот договор, исто како што ќе го добијат и вработените во здравството и сите од државната и јавната администрација, кои се со колективни договори потпишани од оваа Влада. Тоа го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање








