НАУЧНИЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Овој фактор може да го зголеми ризикот од рак на кожата!
Шведски епидемиолози и токсиколози од Универзитетот во Лунд откриваат можна врска меѓу тетоважите и зголемениот ризик од рак на кожата, особено меланом. Истражувањето опфатило речиси 3.000 лица со дијагностициран меланом и околу 8.500 здрави испитаници. Според резултатите, 22% од лицата со меланом имале тетоважи, во споредба со 20% кај здравите лица


