По 7 години, Алкараз се раздели со тренерот Фереро
Светскиот тениски број 1 Шпанецот Карлос Алкараз ја прекинал соработката со долгогодишниот тренер Хуан Карлос Фереро на истекот на 2025-та година. Фереро и самиот некогаш Топ5 играч на ранг листата, како тренер му помогна на Карлос Алкараз да освои шест Гренд следм трофеи и вкупно 24 пехари во кариерата откако почнал да работи со него како тинејџер








