Ѓоко Здравески, Георги Господинов, Бранислав Николов… во новото издание на „Стремеж“
Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп го издаде новото издание на „Стремеж“ – списание за литература, уметност и култура, втор број за 2025 година. -Птицата на копнежот и надежта го зеде во своето клунче семето од плодот кој се роди од корените на стремежот и созреа на гранките од дрвото на мудроста, па полета во потрага по новите духовни

