Само Косово зад Македонија по минимална плата – синдикатите бараат 600 евра, бизнисот нуди „плафон“ од 463
Со минимална плата од 24.379 денари, односно околу 397 евра, Македонија и во новата 2026 година останува на дното во однос на регионот, пред неа е само Косово со минималец од 384 евра. Според регионалните споредби, највисока минимална плата земаат граѓаните на Црна Гора итоа 600 евра, додека пак во Србија таа се движи меѓу 505 и 580 евра, во зависност


