Симон Трпчески на 13 август ќе свири во охридскиот антички театар, а на 14 август во битолска Хераклеја
Македонскиот пијанист со светска кариера Симон Трпчески летово ќе одржи два концерта на отворено во Македонија. Првиот на 13 август во Античкиот театар во Охрид, а вториот на 14 август во Хераклеја во Битола, објави продукцијата „Прагма“. „Овие два концерта се ретка можност публиката во Македонија да доживее уметник од светски ранг во автентичен, отворен







