Дефект остави без вода дел од Скопје
Дефект попладнево остави дел од Скопје без вода. Од скопски Водовод информираат дека денеска поради дефект на приклучна цевка ¾ на ул. Палмиро Толјати 52б, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Палмиро Толјати и дел од ул. Маџари. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:30 часот до завршување со санација на дефектот.


