Повеќе активни и вработени, помалку невработени – но, најмногу расте неформалниот ангажман
Активното население расте и бројот на вработени е поголем, а невработеноста се намалува во второто тримесечје од годинава. Но, се зголемува и ангажманот на лица во неформалниот сектор, движење кое статистиката го гледа во контекст на сезонската рамка. Според податоците од Државниот завод за статистика за вториот квартал, активното население во државата










