Сите дискусии ќе се разгледуваат за креирање на политиките на СДСМ, рече Филипче по Конгресот
Јас сум многу задоволен од денешниот состанок, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче по завршувањето на 21. Конгрес на партијата. „Од формален аспект може да се каже дека Конгресот беше успешен во смисла на тоа дека беше усвоен Извештајот за локалните избори во 2025 година и се изгласа доверба на сите партиски тела за кои според Статутот денеска










