Отворена изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“ во МКЦ
Синоќа (6 мај), во 20 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар, Скопје, беше свечено отворена изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“, авторски проект на проф. д-р Кирил Пенушлиски, која предизвика значителен интерес кај јавноста и уметничката фела. Галерискиот простор беше исполнет со бројни посетители, уметници, професори,










