Американскиот носач на авиони „Џералд Форд“ пристигна на Крит пред распоредување кон Блискиот Исток
Најголемиот носач на авиони во светот, „Џералд Форд“, се закотви во американската воена база во заливот Суда на грчкиот остров Крит, јавува агенцијата Франс Прес. Воениот брод е дел од пошироко засилување на американското присуство во регионот и се очекува да продолжи кон Блискиот Исток, каде што САД веќе имаат значителни поморски сили. Носачот пристигнал









