„Што денес значи да се учи уметност“? Отворање на изложбата „Професори + студенти“
Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Професори + студенти“. Ќе бидат претставени дела од повеќето универзитети во земјава, факултети од областа на визуелните уметности и дизајнот. Менторите заедно со нивните студенти ќе ги изложат своите дела. Куратор на изложбата e Ана Франговска, а организацијата


