Војна на половите: Сабаленка против Кирјос во Дубаи
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ќе игра против Австралиецот Ник Кирјос. Станува збор за новото поглавје од „Војната на половите“ што ќе се одржи на 28 декември во арената „Кока-кола“ во Дубаи. Помина повеќе од половина век од првата таква средба, сè уште најгледана и најатрактивна, кога Били Џин Кинг го победи Боби Ригс во Хјустон во 1970 година


