Центар згрижи 116 деца од училишна возраст во градинките, за летниот распуст
Општина Центар и ова лето обезбеди згрижување на децата од училишна возраст до 10 години во градинките, како поддршка за семејствата во текот на распустот. – Згрижени се 116 деца во градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“, каде што го поминуваат времето во безбедна средина, преку разни активности приспособени на нивната возраст









