Три медали за македонските борачи на Медитеранските игри во Таранто
Македонските спортисти ги освоија првите медали на Медитеранските игри во Таранто, Италија. На третиот натпреварувачки ден, борачите Фати Вејсели и Реџеп Хајдари се закитија со сребрени медали, додека Ахмад Магомедов освои бронзено одличје. Хајдари во финалето во категоријата до 97 килограми во слободен стил загуби од грчкиот борач Даурен Куруглиев










