Барселона го има најдобриот старт во историјата, а Рафиња стана клупски рекордер
Фудбалерите на Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи од исто толку натпревари. Блауграната има шест триумфи во Ла Лига и уште еден во Лигата на шампионите. Досега, најдобрите рекорди беа во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред. Овие седум победи под водство на Ханси Флик









