Мастерсот во Париз носи историска можност за Карлос Алкарас
Карлос Алкарас до крајот на сезоната ќе има уште една можност да ја спаси година која беше далеку од неговите очекувања и да се доближи до подвиг што во историјата на тенисот го постигнале само Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Шпанскиот тенисер мина речиси пет месеци надвор од терените поради повреда на зглобот, што значително влијаеше врз неговите резултати










