Бурхан Шабан во Скопје – концерт на еден од најзначајните интерпретатори на духовна музика на Балканот
Македонската публика ќе има можност да присуствува на концерт на Бурхан Шабан, истакнат уметник, хафиз и еден од најпрепознатливите изведувачи на илахии, касиди и суфиска музика на Балканот. „Роден во Скопје во 1970 година, Бурхан Шабан уште на 14-годишна возраст станува хафиз на Чесниот Куран. Неговиот музички и духовен пат продолжува во Сараево,




