Македонски граѓанин почина на лет од Чикаго до Белград
Маж од Македонија почина денес, 23 ноември, за време на летот Чикаго – Белград. Како што дознава српски „Телеграф“, на патник (57) му се слошило за време на летот. Персоналот му пружил прва помош, но тој не реагирал. Кога авионот слетал, лекарите на аеродромот можеле само да ја потврдат неговата смрт.

