Сандра Булок за загубата на Брајан Рендал: „Почнав да тагувам четири години пред да почине“
Сандра Булок првпат подетално проговори за тешкиот период низ кој минувала додека нејзиниот долгогодишен партнер Брајан Рендал се борел со амиотрофична латерална склероза (АЛС), како и за начинот на кој се справувала со неговата загуба. Актерката, која гостуваше во подкастот „SmartLess“, откри дека Рендал изречно побарал неговата здравствена состојба







