„Медена земја“ прикажан во Карловац во чест на Светскиот ден на пчелата
По повод Светскиот ден на пчелата, во Кино „Едисон“ во Карловац во организација на македонскиот КИЦ во Загреб и турскиот Културен центар „Јунус Емре“ во Загреб беше организирана специјална проекција на документарниот филм „Медена земја“. Настанот претставуваше уште еден успешен пример на мултилатерална меѓуинституционална културна соработка, насочена







