Феноменалните одбрани на Мартин Томовски!
Македонскиот голман влегуваше од клупата и блесна во полн сјај, особено во финишот кога запиша 3 врвни одбрани, сите три од чисти и изгледни ситуации за Португалците. На 30-ина секунди до крајот при нерешен резултат 29-29 Томовски одбрани зицер од крило и на Македонија ѝ донесе злато вредно реми после негатива од -5.



