Стружанец агресивно се однесувал кон членови на семејството: полицијата го уапси
Суноќа во 21:00 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода М.Д.(49) од Струга. Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.



