ФМУ ќе го одржи годишниот концерт „ОРИОН“ - каде што се раѓаат ѕвездите
Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје на 5 декември, со почеток во 20 часот, ќе го одржи својот годишен концерт, оваа година насловен „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“, по повод 59-годишнината од постоењето на институцијата. Прославата ќе се одржи во големата концертна сала на Македонската филхармонија








