Манчевски со два филма на два светски фестивали – „Сестра, брат и шахта“ во Белград, „Добри луѓе“ во Торино
Синоќа белградската публика на популарниот „Фестивал на авторски филм“ со овации ја поздрави европската премиера на најновиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“. Бројни љубители на делото на Манчевски останаа пред влезот затоа што салата беше распродадена, гледачи седеа и на подот, а во публиката беа и македонскиот амбасадор во Србија,










