МЗТ Скопје рутински го совлада Феникс на гости
МЗТ Скопје продолжува со победничкиот ритам во Суперлигата, откако го совлада Феникс 2010 на гостински терен со 73-85 во 13-тото коло. Избраниците на Васко Атанасов на паузата имаа скромна предност од 40-46, но силното второ полувреме ја реши судбината на мечот. Феникс го доби третиот период со минимална разлика, но во завршните десет минути МЗТ ја




