Детроит ја надигра Оклахома – Писотнс сега се лидери во НБА лигата
Кошаркарите на Детроит Пистонс остварија важна победа во дуелот на конференциските лидери, на домашен терен ги победија Оклахома Сити Тандерс со резултат 124:116. Во центарот на вниманието беше расположениот Џејлен Дурен, кој доминираше под обрачите со 29 поени и 15 скока, додека Кејд Канингем забележа дабл-дабл учинок од 29 поени и 13 асистенции.







