На 20 мај ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ во просториите на ДПМ
Свеченото врачување на наградата Роман на годината за 2025 година ќе се одржи на 20 мај во просториите на Друштво на писателите на Македонија, со почеток во 19 часот. Добитничка на годинашното признание, кое го доделува Фондација „Славко Јаневски“, е писателката Оливера Ќорвезироска за романот Три Марии, објавен од Арс Либрис. Одлуката ја донесе петчлено








