Ќе стане ли реалност БРТ во Скопје? Проектот го чека последното „да“ од ЕБОР, потоа следи тендер
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа во „Ноќно студио“ соопшти ексклузивна информација во врска со реализацијата на проектот за брз автобуски превоз – БРТ. Како што информираше градоначалникот, проектот се наоѓа во последната фаза на одобрување од страна на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Доставена е потребната документација




