Работнички подобар во драматичната завршница во Битола
Работнички забележа голема гостинска победа над Пелистер со 87:91 во дербито од македонското кошаркарско првенство, откако успеа да ја надомести негативата од првото полувреме и да слави по драматична завршница во Битола. Скопјани одиграа одлично во вториот дел, кога ја презедоа контролата врз натпреварот и ја крунисаа подобрата игра со значаен триумф

