Хронологија на денешното судење за Пулс, без сведоци, тишината зборуваше најгласно
Денешното судење за Пулс, одржано во Идризово, наместо чекор кон расчистување на трагедијата се претвори во рочиште без ниту еден од петтемина најавени сведоци. Во предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, денот мина во одложувања, спор околу тоа дали тешко повредени









