МВР за ТВ 24: Пет лица повредени во сообраќајката кај Петровец
Денеска (20.12.2025) во 16:20 часот, на автопатот Скопје–Велес, настанала сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила, при што со телесни повреди се здобиле пет лица. Повредените со возила на Итна медицинска помош се пренесени во здравствени установи во Скопје за укажување помош. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.







