Без вода утре дел од една скопска општина
ЈП Водовод и канализација известува дека утре без вода ќе останат корисниците од село Драчево. Како што информираат од таму, поради промена на воздушен вентил на улица Јустинијан Први (кај мостот), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.









