„Љубојна“ сними нова песна во дует со Бранислав Николов од „Фолтин“
„Врати ми ја тишината“ е новиот сингл на групата „Љубојна“, која годинава слави 25 години постоење. Песната за првпат ќе се изведе во живо на славеничкиот концерт на 29 март во Филхармонијата. Гостин во синглот е Бранислав Николов, фронтменот на „Фолтин“. „‘Врати ми ја тишината’ е инспирирана од музичката тема ‘Танго за тројца’, во соработка и дружба






