Тажниот Конате даде гол и се расплака, сите соиграчи од Ливерпул го тешеа
Во првиот настап по смртта на татко му, Ибрахима Конате постигна гол, и не можеше да ги сопре емоциите, се расплака на терен. Таткото на Конате беше погребан на 23-ти јануари и Конате пропушти три меча. Откако го даде голот во финишот на средбата со Њукасл, сите соиграчи притрчаа кон него за да го прегрнат и утешат, а меѓу нив и голманот Алисон Бекер

