Велес повторно во знакот на деветтата уметност, 14 авторки од пет земји на Стрип колонијата
Велес од 20 до 23 август повторно ќе биде регионално средиште на деветтата уметност. Осмото издание на Меѓународната стрип колонија „Велес 2026“ годинава носи поинаков концепт, сите учесници ќе бидат авторки, а во градот ќе творат 14 уметници од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и Романија. Колонијата ја организира Стрип центарот на Македонија










