Запалена машина за железо, причина за големиот пожар во Шуто Оризари
Со часови гори приватен имот каде што биле складирани стари автомобили во Визбегово во близина на обиколницата. Се интервенира со сите капацитети на противпожарната служба. Надлежните велат дека огнот е ставен под контрола и нема опасност од ширење, сепак побарале да се интервенира и со воздухоплов. Но, поради густиот чад авионот не може да гасне.









