Место од мај „Аустријан ерлајнс“ ќе лета Виена-Охрид од јуни
„Аустријан ерлајнс“ го одложи воведувањето на планираната нова линија меѓу Виена и Охрид. Таа требаше да профункционира на 17 мај, но датумот сега е поместен на 21 јуни. Во октомври беше најавено дека, за почеток, австриската компанија, која е дел од групацијата „Луфтханза“, ќе лета еднаш неделно, а во јули и август ќе ја одржува линијата двапати неделно









