Државата пак ќе се задолжува кај граѓаните: До средината на декември нова Граѓанска обврзница
Државата пак ќе се задолжува кај граѓаните. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска најави дека најдоцна до средината на декември ќе биде објавена новата емисија Граѓански обврзници. За сега нема детали, ќе се знаат откако ќе се објави проспектот. Граѓанската обврзница, како нов инструмент на домашниот пазар, се воведе во 2023 година.










