Моќен стил за новата сезона: Како со неколку клучни парчиња да изградите совршен есенски деловен аутфит
Деловната елеганција одамна не значи строг костум, бела кошула и класични салонки. Модерната жена денес сака гардероба што ја следи во текот на целиот ден – од утринските состаноци и работните обврски до спонтаното вечерно излегување. И притоа, сака да изгледа беспрекорно без да поминува часови пред гардероберот. Новата есенска сезона носи токму таков







