СДСМ тврди дека животниот стандард продолжува да опаѓа
Податоците на Управата за јавни приходи за 2025 година покажуваат дека голем дел од граѓаните се соочуваат со сериозни финансиски тешкотии, обвини денеска членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски. Според неа, најголемиот дел од вработените во земјава примаат плати кои се под просечната и не се доволни за покривање на основните животни










