Мистериозен пожар во Визбегово: изгоре „Голф 6“ среде ноќ, истрагата во тек
Патничко возило било опожарено во скопското село Визбегово. Според информациите, на 22 март 2026 година околу 02:28 часот, во СВР Скопје било пријавено дека гори автомобил „голф 6“, сопственост на лице со иницијали Ф.Е.С. Пожарот бил изгаснат со помош на соседите, а за среќа нема повредени лица.



