Нови шокантни детали: 40 тони биле спремни за шверц – марихуаната никако не можела да биде за медицински потреби
Запленети се околу 40 тони марихуана наводно одгледувана за медицински цели по претресите во Скопје и во Струмица дознава Телма од извори во истрагата. 10-тина се од Скопско, а 30-тина од Струмица. Првичните 27 тони за кои вчера брифираа истражните органи веќе се зголемени, со веќе откриени нови количини кои биле спремни за шверц, велат нашите извори


