Белгија испиша историја, Грчевски после поразот: Не се справивме со сопствениот притисок!
Македонската женска ракометна репрезентација од Белгија се враќа со минимален, но болен пораз од 26-25. „Црвено-жолтите“ имаа шанса да дојдат до победа, водеа со четири гола разлика, но ја загубија контролата, а Белгија испиша историја, ја запиша првата победа во едни квалификации за Европско првенство. Селекторот, Кристијан Грчевски и неговите избранички






