Центарот на Скопје утре под посебен сообраќаен режим
Во Скопје утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќај со почеток од 12:00 часот поради протестниот марш по повод Меѓународниот ден на жената, информира Министерството за внатрешни работи. Маршот ќе започне пред паркот „Жена Борец“ на улицата „11 Октомври“, а ќе продолжи по улиците „Димитрија Чуповски“ и „Даме Груев“, потоа по булеварот „ВМРО“,









