„Вивалдијада 2026“ на 7 јуни во МОБ: Млади музички таленти од Европа и Македонија на една сцена
Петтото издание на фестивалот за млади таленти „Вивалдијада 2026“ ќе се одржи на 7 јуни 2026 година во Македонската опера и балет во Скопје, со почеток во 20 часот, во организација на уметничкиот центар „Полифонија“. „Вивалдијада“ е уникатен проект-фестивал чија главна цел е промоција на македонската култура и уметност, во синергија со европското музичко










