Еурофарм Пелистер во првиот шешир на Европската лига, Охрид не доби „вајлд-карта“
Еурофарм Пелистер ќе биде единствениот претставник на нашата земја во групната фаза од Европската лига на ЕХФ за сезоната 2026/27. Битолчани имаат и одлична стартна позиција пред ждрепката на 17 јули бидејќи се сместени во првиот шешир и ќе бидат меѓу носителите. Тоа значи дека Еурофарм Пелистер во групната фаза ќе ги избегне некои од најсилните ривали



