Пожари беснеат кај Атина, евакуирани населби, уништени куќи
Големи шумски пожари ја зафатија Грција, а најтешка е состојбата во поширокиот регион на Атина, каде силните ветрови дополнително го отежнуваат справувањето со огнената стихија. Поради високата опасност од пожари, властите прогласија највисоко ниво на тревога за голем дел од земјата, а службите за цивилна заштита издадоа црвено предупредување за областа










