Претрес во Куманово, пронајдена дрога: уапсен 53-годишен маж
Вчера во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 53-годишниот А.И. од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, бил пронајден и одземен хероин. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.







